дома Балкан Судот во Хаг: Припадникот на ОВК Пјетер Шала доби 18 години затвор...

Судот во Хаг: Припадникот на ОВК Пјетер Шала доби 18 години затвор за злосторството во Кукеш

34

Поранешен командант на ОВК денеска е прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 18 години зад решетки заради убиства во 1999 година за време на борбата за независност на Косово.

-Имајќи ги предвид сите докази, советот ве прогласува за виновен Пјетер Шаља за воени злосторства, рече судијката Мапи Велт-Фоља пред Специјализираните совети за Косово во Хаг, додавајќи дека е осуден на 18 години затворск казна.

Шаља доби 18 години затвор за злосторства извршени во илегалниот логор на ОВК во Кукс на северот на Албанија. Како што изјави судијката на Специјализираните совети на Косово во Хаг, Шаља имал намера и лично придонел во извршувањето на кривичните дела за кои се товари.

Шаља е виновен за сторено кривично дело лишување од слобода на најмалку 18 лица, тортурата како воено злосторство, а убиство – како воено злосторство за четвртиот случај на лице во фабриката за метал во Кукс.

Шаља (61) беше обвинет, по четири точки, за произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства на притвореници, косовски Албанци, во импровизиран притвор на ОВК во фабриката за метал во Кукс, помеѓу 17 мај и 5 јуни 1999 година.

Исто така, констатирано е дека лица се уапсени и затворани врз основа на неутврдени обвиненија за предавници или соработници на српските власти, како и за поддршка на Србија или недоволно поддржување на активностите на ОВК, било финансиски, воено или политички.

ПредходнаВолстрит џурнал: Маск планира да му дава на Трамп 45 милиони долари месечно
Следна„Црвениот поет и други драми“ избор драмски текстови од Сашко Насев во издание на „Макавеј“