Станува збор за уметничките дела на Наумоски што ги красеа просториите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид.
Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини.
Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „ Сто години од раѓањето на Ванѓeл Наумовски”, што е дел од овогодишната изложбена програма на НУ „Завод и Музеј – Охрид“.