дома Црна хроника Пукање во Чаир, еден повреден: тргнале да се смируваат, па почнало пукање

Пукање во Чаир, еден повреден: тргнале да се смируваат, па почнало пукање

30

ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Син на сопственик на позната чајџилница има престрелна рана по вчерашното пукање, кое вчеравечер се случи во Чаир.

Првичните неофицијални информации се дека оваа пресметка се врзува со обид за помирување на две семејства од кои едното е од Сингелиќ.

Полицијата дознала за настанот по пријава на чаирчанец кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци посочуваат дека на локацијата имало траги од крв.

Последните информации за повредениот се дека тој е опериран и е во стабилна состојба.

Деталите за лоцирање на убиецот се очекуваат од МВР.

ПредходнаНа Волстрит најголем пад на акциите на производителот на чипови од 2020 година
СледнаЦаринската управа спречи обид за нелегално изнесување девизи и заплени 6.850 евра