Австралискиот премиер Ентони Албанезе објави дека е активиран национален механизам за координација за справување со проблемите и прекините во компјутерските системи на голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании во Австралија што се случија денеска.
„Разбирам дека Австралијците се загрижени поради прекинот што се случува на глобално ниво и влијае на широк опсег на услуги“, објави Албанезе на X.
Националниот координативен механизам (НКМ) обединува различни владини агенции, како и претставници од индустријата и приватниот сектор за да ги координираат одговорите на големи кризи.