дома Спорт Вардар ги доби противниците во Лигата на Европа

Вардар ги доби противниците во Лигата на Европа

19

Македонскиот ракометен клуб Вардар ги доби противниците во групата за второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ ќе бидат во групата „Ф“ каде што ќе играат против Порто, подобриот од бундеслигашката пресметка помеѓу Мелсунген и Елверум и подобриот од дуелот на исландскиот Валур и Спачва Винковци од Хрватска.

Првото коло во групната фаза е закажано за 8. октомври. Првите две екипи од секоја група патуваат во следната фаза.

Вардарци и минатата сезона беа дел од Европската лига, но тогаш не успеаја да ги минат квалификациите и беа елиминирани од германскиот гигант Рајн Некар Левен

Покрај Вардар 1961, во новата сезона во Европа ќе не претставуваат и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, додека во ЕХФ Купот ќе настапат Тиквеш, Охрид и Алкалоид.

ПредходнаЕспиња: Горд сум што доаѓам во историски клуб како Вардар
СледнаНавивачите на Барселона донираат пари за трансфер на Вилијамс