дома Спорт Вестбрук оди во Денвер Нагетс

Вестбрук оди во Денвер Нагетс

30

 Расел Вестбрук најверојатно следната сезона ќе се натпреварува за Денвер Нагетс. Плејмејкерот синоќа беше испратен од Лос Анџелес Клиперс во Јута Џез, а „џезерите“ нема да го задржат во својот состав, па се наметнува Вестбрук да го откупи својот договор. Тоа ќе му ја отвори вратата да стане слободен агент, а познатиот новинар Адријан Војнаровски од „ЕСПН“ објави дека Денвер е фаворит за неговиот потпис.

Вестбрук е дел од „трејдот“ што на Јута и носи избор на драфтот од вториот круг и кеш. Во спротивен правец кај Клиперси оди бекот Крис Дан, кој ќе потпише тригодишен договор вреден 17 милиони долари.

Минатата сезона, Вестбрук имаше просек од 11,1 поен, 5,0 скока и 4,5 асистенции како дел од Л.А. Клиперс. Денвер ќе биде шестиот тим во кариерата на лидерот во категоријата „трипл-дабл“ во НБА, откако играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, Л.А. Лејкерс и Клиперс.

Интересен е фактот што Вестбрук по втор пат беше префрлен во Јута и веднаш беше испратен на друго место. Тоа прво се случи пролетта минатата година, кога Л.А. Лејкерс го испратија кај „џезерите“, а потоа бекот го откупи неговиот договор и потпиша со Л.А. Клиперс.

ПредходнаАндоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции
СледнаКер: Ембид, Џејмс и Кари сигурни во стартните пет за Олимпијадата