дома Локално Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

20
Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

  Се санираат штетите од синоќешното невреме што зафати делови од Скопје и предизвика повеќе штети – паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови…

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, пристигнати се пријави за 35 паднати дрва, два лима, 15 бандери, 21 кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила.

Како што информираа за МИА од ЕВН Македонија, нормализирано е и снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје, кои повеќе од 12 часа останаа без струја по вчерашното краткотрајно невреме што го зафати главниот град.

Дел од скопските населби синоќа останаа без струја, а причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, според ЕВН Македонија, биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Во утринската информација од ЕВН Македонија беше посочено дека нивни екипи работеле цела ноќ за да го поправат дефектот кој настанал како резултат на вчерашното силно невреме.

Целата фотогалерија од штетите можете да ја погледнете тука.

ПредходнаЕВН Македонија: Снабдувањето со електрична енергија во Скопје се очекува да се нормализира за околу еден час
СледнаПроблеми со ИТ мрежа пријавени ширум светот, авиони приземјени, медиуми не емитуваат програма