дома Технологија Проблеми со ИТ мрежа пријавени ширум светот, авиони приземјени, медиуми не емитуваат...

Проблеми со ИТ мрежа пријавени ширум светот, авиони приземјени, медиуми не емитуваат програма

22
Проблеми со ИТ мрежа пријавени ширум светот, авиони приземјени, медиуми не емитуваат програма

  Во светот денеска се пријавени проблеми и прекини во ИТ мрежите во глобалните институции, вклучувајќи банки, телекомуникациски компании, медиуми и авиокомпании, приземјени се авиони, медиуми не емитуваат програми, а погоден е и компјутерскиот систем на Летните олимписки игри во Париз, кои почнуваат за една недела, јавуваат светските медиуми.

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите кои ги пријавија корисниците, а поради кои во компаниите и банките ширум светот дојде до технички проблеми и прекини во функционирањето.

Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услуги во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението, а пренесува Би-Би-Си.

ПредходнаВо Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме
СледнаАлбанезе: Активиран н ационален механизам за координација поради прекини во ИТ системите