дома Спорт Слот го загуби првиот натпревар на чело на Ливерпул

Слот го загуби првиот натпревар на чело на Ливерпул

19

 Арне Слот го загуби својот прв натпревар на чело на Ливерпул кога „црвените“ загубија со 1:0 на Престон зад затворени врати.

Холанѓанецот го замени Јирген Клоп со 3-годишен договор и ги води тренинзите на „црвените“ веќе 2 недели бидејќи сака да почне да ја наметнува својата филозофија.

Натпреварот се одигра на тренинг базата на Ливерпул, а единствениот гол за тимот од Чемпионшип го постигна Роби Брејди со удар од можеби 40 метри кој беше навистина импресивен.

Слот користеше дури 25 играчи во судирот, вклучувајќи и некои од главните фигури предводени од Мохамед Салах. Египќанецот играше во првото полувреме и ја погоди стативата, а му се придружија Доминик Собослај, Харви Елиот и Кертис Џонс.

По паузата, во игра влегоа претежно млади играчи, иако мора да се признае дека Престон е многу напред во подготовките бидејќи сезоната во Чемпионшип започнува на 2-ри август, една недела пред почетокот на Премиер лигата.

За Ливерпул следува турнеја во САД и натпревари со Бетис, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

ПредходнаАктивни 12 пожари, изминатото деноноќите евидентирани вкупно 35 пожари на отворено
СледнаДивите депонии и натаму проблем во МАкедонија ги има над илјада