дома Свет Земјотрес од 5,2 степени регистриран во близина на брегот на грчкиот остров...

Земјотрес од 5,2 степени регистриран во близина на брегот на грчкиот остров Крит

15

 Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран изутринава во близина на брегот на грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според неговите податоци, епицентарот на земјотресот бил на 170 километри југозападно од градот Ираклион, каде живеат околу 137.000 луѓе.

Нема информации за повредени или причинета материјална штета.

ПредходнаУапсен маж кој им се заканувал на Трамп и сенаторот Џеј Ди Венс
СледнаСАД ги повикуваат своите граѓани да не патуваат во Бангладеш поради „граѓанските немири“