Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Гватемала, соопшти Германскиот центар за геолошки истражувања.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 272 километри.
Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.