дома Uncategorized Ракитиќ потпиша за Хајдук од Сплит

Ракитиќ потпиша за Хајдук од Сплит

 Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец, Иван Ракитиќ потпиша за Хајдук, соопшти вечерва клубот од Сплит.

Ракитиќ доаѓа од саудиски Ал Шабаб и во недела навечер официјално ќе биде претставен како најголемото засилување на Хајдук.

Во својот нов клуб ќе го носи дресот со број 11.

Ракитиќ има 36 години, кариерата ја започна во Базел, а потоа во два мандати играше за Шалке, Барселона и Севиља.

Ја освои Лигата на шампионите со Барселона, две Лига Европа со Севиља, четири титули со Каталонците, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

ПредходнаВан Дајк сака нов договор, но Ливерпул е подготвен да го продаде
СледнаАнчелоти за уморниот Мбапе: Ќе видиме, ќе го ставам некаде