дома Спорт Астон вила сака да го ангажира Жоао Феликс

Астон вила сака да го ангажира Жоао Феликс

18

Премиерлигашот Астон вила е заинтересирана за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, пренесува „The Guardian“.

Клубот од Бирмингем го гледа 24-годишниот Португалец како замена за Муса Дијаби, кој кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад.

За играчот е заинтересирана и Бенфика.

Во сезоната 2023/24, Феликс играше за Барселона како позајмен од Атлетико Мадрид. Тој постигна 10 гола и запиша 6 асистенции на 44 настапи за Каталонците во сите натпреварувања.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 30 милиони евра.

ПредходнаБензема: Секогаш ќе навивам за Реал
СледнаЛеклер: Ферари направи мал чекор напред, иако во Унгарија е тешко да се видат слабостите на нашиот болид