дома Uncategorized Двајца македонски атлетичари настапија на младинското Европско првенство

Двајца македонски атлетичари настапија на младинското Европско првенство

Во периодот од 18 до 21 јули во словачкиот град Банска Бистрица се одржа Европското првенство во младинска категорија на кое настапија двајца македонски атлетичари со претходно остварени норми за ова натпреварување, соопшти денеска Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Брајан Авиа настапи во дисциплината скок во далечина и со резултатот од 6.70 метри се пласираше на 23. место во конкуренција на 30. натпреварувачи, додека во дисциплината скок во височина Брајан успеа да прескокне 1.94 метри што беше доволно на крајот да го освои 25. место.
Марко Алексовски настапи на дисциплината 100 метри и со резултат од 11.14 секунди го освои 33. место во конкуренција на 37 натпреварувачи.

ПредходнаMладите ракометари ќе добијат милион денари премија за успехот на ЕП
СледнаГвардиола: Де Брујне останува во Сити