дома Спорт Кер: Ја подигаме формата, можеме да бидеме подобри

Кер: Ја подигаме формата, можеме да бидеме подобри

17

Синоќа селекцијата на САД ја победи Германија со 92:88 во пријателски натпревар одигран во Лондон.

– Можеме да станеме многу посилни. Сега се приближуваме до моментот кога момците подобро се запознаваат, ни е поудобно со ротацијата. Мислам дека можеме уште повеќе да се засилиме и да станеме подобри. Тоа е нашиот план за следните неколку недели, изјави Кер за „ESPN“.

Турнирот во кошарка за мажи на Олимпијадата ќе се одржи од 27 јули до 10 август.

Американците се во група со Србија, Јужен Судан и Порторико.

ПредходнаЛеклер: Ферари направи мал чекор напред, иако во Унгарија е тешко да се видат слабостите на нашиот болид
СледнаМареј ќе се пензионира по Олимпијадата во Париз