дома Uncategorized Леброн со 20 поени ги предводеше САД до победа над Германија

Леброн со 20 поени ги предводеше САД до победа над Германија

Во пријателски натпревар пред почетокот на Олимписките игри, кошаркарите на САД синоќа во Лондон ја совладаа Германија со 92:88.

Најефикасен играч на средбата беше Леброн Џејмс, кој постигна 20 поени, од кои 11 во последните 4 минути.

Кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи од 27 јули до 11 август.

Германија ќе игра во групата Б со Франција, Јапонија и Бразил.

Американците се во Ц групата со Србија, Јужен Судан и Порторико.

ПредходнаМеси ќе го пропушти Ол-стар натпреварот во МЛС
СледнаХумелс блиску до трансфер во Болоња