дома Свет Девет лица се повредени во пожарот што изби на аеродромот ЏФК во...

Девет лица се повредени во пожарот што изби на аеродромот ЏФК во Њујорк

16

Неколку луѓе се хоспитализирани откако вчера изби пожар на подвижните скали на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија американските власти.

„Еј-би-си њуз“ (ABC News) јави дека при мал пожар на ескалаторите на терминалот осум на аеродромот девет лица се здобиле со полесни повреди поради вдишување чад, од кои четворица се хоспитализирани.

ПредходнаНетанјаху ќе се сретне со Бајден и со Камaла Харис во важен момент за САД и Израел
СледнаТрамп: Обраќањето на Бајден беше „едвај разбирливо“ и „многу лошо“