дома Свет Нафтен танкер потона крај брегот на Филипините, се излеаја 1,4 милиони литри...

Нафтен танкер потона крај брегот на Филипините, се излеаја 1,4 милиони литри нафта

12
Нафтен танкер под филипинско знаме што превезувал 1,4 милиони литри нафта се преврте и потона денеска кај Манила, соопштија властите.

„Успеавме да спасиме 16 од 17-те членови на екипажот, еден е исчезнат“, изјави секретарот за транспорт Хаиме Баутиста на брифингот за медиумите. Силниот ветер и високите бранови ја отежнаа спасувачката операција, додаде тој.

Несреќата се случила рано утринава кога бродот Тера Нова „се преврте и потона“, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража. Откриена е нафтена дамка, а службениците за заштита на морето се мобилизирани во обид да ја ограничат.

ПредходнаСпоред Хамас, говорот на Нетанјаху покажува дека тој не сака договор за прекин на огнот во Газа
СледнаУНИЦЕФ: Присуството на полиовирусот во Појасот Газа е исклучително вознемирувачко