дома Локално Скопски коњички марш 2024 од Ѓорче Петров тргнува за Крушево

Скопски коњички марш 2024 од Ѓорче Петров тргнува за Крушево

19
Скопски коњички марш 2024 од Ѓорче Петров тргнува за Крушево

 – Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево од реонскиот парк во Ѓорче Петров членови на Скопски коњички марш со коњаница тргнуваат за Крушево.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.

-Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги повика граѓаните да дојдат во паркот и да ја поздрават и поддржат коњаницата која го организира овој подвиг во чест на големиот празник, се вели во соопштението од Општината.

Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш. Целта на ваквите настани, велат од Општината, е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата. 

ПредходнаРебалансот на буџетот пред членовите на Комисијата за финансирање, синдикатите реагираат за колективните договори
СледнаСкопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес