дома Свет Франција почна голема операција против кибершпионажа

Франција почна голема операција против кибершпионажа

16

Француските власти почнаа голема операција за чистење на компјутери заразени од програма за кибершпионажа која погоди милиони корисници ширум светот.

Во пресрет на Олимпијадата, оваа операција покажува дека различни играчи во Франција и во странство се мобилизирани да се борат против сите форми на кибер криминалот, се наведува во соопштението на главниот париски обвинител, Лоре Беку.

Таа истакна дека иследниците таргетирале мрежа на ботови осомничени дека инфицирале компјутери со малициозен софтвер „ПлагИкс“ (PlugX) и дека краделе податоци од нив „особено заради шпионажа“.

ПредходнаТројца загинати и стотици повредени откако тајфунот Гаеми го погоди Тајван
СледнаМинистри за финансии на осум земји-членки на ЕУ тврдат дека Путин лаже за силата на руската економија