дома Култура Мултимедијален перформанс „Во моите чевли“ на Скопско лето

Мултимедијален перформанс „Во моите чевли“ на Скопско лето

19

   Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва ќе се одржи мултимедијален перформанс „Во моите чевли“ во Сули ан, со почеток во 20:30 часот.

Автор и изведувач на проектот е Јована Зајкова, додека костимограф е Соња Геговска – Зајкова.

– Заедно со изведувачот, публиката патува низ палета на различни чевли, кои претставуваат различни карактери, предизвици и гледишта, во внимателен хармонично-хаотичен свет. Оваа приказна во себе содржи многу хумор и дури може да наликува на перформанс наменет за деца. Сепак, во овој лесен и шеговит пристап се крие многу силна порака за отворање на срцето, живеење на животот до максимум и пронаоѓање на убавината во тешкотиите на животот, велат од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.

Авторот и изведувачоте на проектот, Јована Зајкова е професионален танчар и кореограф. Таа ги завршува додипломските студии при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во 2020 г., каде што се здобива со диплома за современ танчар под менторство на проф. д-р Рисима Рисимкин. Во тек на студиите Јована стажира како дел од Скопје Танцовиот Театар и учествува во голем број изведби на фестивали во земјата и надвор. Таа се појавува како кореограф и изведувач на повеќе авторски проекти, меѓу кои: „Парадоксот на Диоген“, „УПМ“, „Јовано, Јованке“, „Самовили и демони“. Во 2023 г. Јована го кореографира солото „Во моите чевли“ со кое настапува на фестивали во Полска, Србија, Белгија, Германија и Хрватска. Покрај работа како професионален танчар на сцена, во музички спотови и реклами, Јована држи часови по танц и работилници за деца и возрасни.

ПредходнаОИ 2024: Македонското знаме развеано на реката Сена
СледнаВладо Јовановски прв лауреат на наградата „Мето Јовановски“