Ова го соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Израелските власти ја обвинија либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, за ракетниот напад врз фудбалскиот стадион во селото Мајдал Шамс на Голанската висорамнина, во кој вчера загинаа 12 лица, ветувајќи остра реакција.
Хезболах ја отфрли одговорноста за нападот, во кој меѓу жртвите најмногу се деца.