дома Свет Венецуелската опозиција не ги признава изборните резултати: Ние победивме со 70 отсто...

Венецуелската опозиција не ги признава изборните резултати: Ние победивме со 70 отсто гласови

28

Опозициската коалиција во Венецуела денеска не ја прифати изборната победа што ја објави претседателот Николас Мадуро и нагласија дека добиле 70 отсто од гласовите, а не 44 отсто како што објави изборниот совет.

„Сакаме да и кажеме на цела Венецуела и на светот, дека Венецуела има нов новоизбран претседател, а тоа е (кандидатот) Едмундо Гонзалес Урутија“, изјави лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо пред новинарите, додавајќи: „Победивме“.

Вашингтон e „сериознo загрижен“ дека резултатите од изборите во Венецуела со кои претседателот Николас Мадуро е прогласен за победник не се точни, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Сериозно сме загрижени дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласањето на венецуелскиот народ“, рече Блинкен кој е во посета на Јапонија.

Изборниот совет го прогласи денеска Николас Мадуро за победник на претседателските избори со 51,2 отсто од гласовите и со тоа доби нов шестгодишен мандат победи на претседателските избори во Венецуела.

Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој водеше во предизборните и во излезните анкети.

ПредходнаБританскиот премиер го повика израелскиот претседател на „итни чекори“ кон прекин на огнот во Газа
СледнаГрупа авиопревозници ги откажаа летовите за Бејрут