дома Свет Ердоган: Турција би можела да влезе во Израел и да им помогне...

Ердоган: Турција би можела да влезе во Израел и да им помогне на Палестинците

15

„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите на индустријата за оружје.

„Како што влеговме во Карабах и во Либија, можеме да направиме нешто слично и на нив“, рече Ердоган во говор пренесуван од државната телевизија.

Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставниците на неговата партија не одговорија за деталите од неговата изјава. Засега нема коментар од Израел.

Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеибах.

ПредходнаГрупа авиопревозници ги откажаа летовите за Бејрут
СледнаЏејмс О Брајан: САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија добие стабилна влада