Според соопштението на Обвинителството, петте лица во април 1999 година во неколку села на општина Гњилане, во источно Косово, на границата со Србија, убиле, раниле, киднапирале, силувале, малтретирале, мачеле и живи палеле албански цивили.
Покрај свирепите убиства, петмината уапсени се осомничени и за низа други оштетувања на објекти, како и за протерување на населението.
– По налог на Специјалниот обвинител, приведени се лицата со иницијали: Д.Ч., Д.Н., Н.С., С.Ј., М.Ш., со основано сомнение дека истите, заедно со други неидентификувани членови соизвршители од групата, вооружени и облечени во маскирни униформи и нерегуларни униформи на српската полиција или војска, на 05.04.1999 година, во раните утрински часови, презеле акција во селата Инатоц (Кокај) , Љовце, Пограга и Угљар, каде што намерно убивале, ранувале, палеле живи албански цивилни жртви, земале заложници, силувале, тепале, малтретирале, вршеле физичка и психичка тортура, ограбувале, уништувале и палеле имоти на Албанците, го протерувале албанското цивилно население и ги сквернавеле културните и верските објекти, дејствија санкционирани според локалните закони, обичаите на војување и Женевските меѓународни конвенции и Дополнителните протоколи, информира косовското Специјално обвинителство.