дома Политика Косово со протестна нота до Северна Македонија поради инцидентот со претседателката Османи...

Косово со протестна нота до Северна Македонија поради инцидентот со претседателката Османи на скопскиот аеродром

27
Косово со протестна нота до Северна Македонија поради инцидентот со претседателката Османи на скопскиот аеродром

  Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Северна Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со несоодветен и незаконски третман од обезбедувањето на скопскиот аеродром.

-Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во Северна Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.

Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Северна Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.

-Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на Северна Македонија,  Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението.

На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне.

Претседателството на Република Косово во соопштение до јавноста ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

ПредходнаАмериканската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либан
СледнаМНР калкулира за случајот со косовската претседателка