дома Магазин Адвокатите на Анџелина Џоли со сериозни обвинувања: „Бред Пит се обидува да...

Адвокатите на Анџелина Џоли со сериозни обвинувања: „Бред Пит се обидува да ја замолчи за малтретирањето“

31

Анџелина Џоли и Бред Пит

Американската актерка Анџелина Џоли (49) упати сериозни обвинувања на сметка на својот поранешен сопруг Бред Пит (60). Таа тврди дека тој се обидува да ја натера да потпише договор за заштита на податоци, со цел да прикрие дека ја малтретирал.

Поранешните сопружници имаат повеќегодишен Спор околу винаријата Шато Миравал, која е во нивна косопственост. Во 2022 година, Пит ја тужеше Џоли за продажба на нејзиниот удел, тврдејќи дека таа го прекршила договорот, пренесува „Пипл“.

Во најновите судски документи, нејзините адвокати велат дека со продажбата на својот удел, таа немала намера да го повреди Пит како одговор на каква било одлука за старателство над нивните деца.

„Всушност, Пит беше тој што одби да ѝ плати компензација, освен ако не потпишат нов, проширен договор за заштита на податоци со гаранциај од 8,5 милиони долари, кој беше специјално подготвен за да ја принуди да молчи дека ја малтретираше“, напишаа тие.
Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Да потсетиме, Бред Пит и Анџелина Џоли се запознаа за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ („Mr. & Mrs. Smith“) во 2005 година, по што започнаа роматична врска и се венчаа во 2014 година. Поради непомирливите разлики меѓу нив, како што изјави актерката, таа поднесе барање за развод на бракот со Пит во 2016 година.Разводот беше финализиран во 2019 година.

Потоа испадна дека парот бил во интензивна битка за старателство над нивните деца. Пит барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Џоли за единствено старателство, при што тој би имал само право на посета. Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година, кога адвокатот на Џоли изјави за „Ројтерс“ дека е постигнат договор за старателство и е потпишан од двете страни и судијата. Сепак, правната битка трае и до ден-денес, со различни пресврти.

ПредходнаМНР калкулира за случајот со косовската претседателка
СледнаБелгијците би сакале да одат порано во пензија, особено помладите