дома Локално Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола

Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола

17
Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола

  Вкупно 42 пожари имало вчера на отворен простор, од кои во моментов пет се активни. Четири се под контрола и 33 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Тажево – Брезница – кракот кон Јасен, во Општина Демир Хисар и Општина Охрид кај Илинска планина, селото Базерник, Општина Охрид кај Косел – Расино – Опеница, Вапила, активен е на четири точки, во Општина Богданци – м.в.Погана кон Ветерен Парк Богданци и во Општина Пробиштип кај селото Зелениград и Јамиште.

Под контрола се пожарите во Општина Кочани кај селото Пресека, во Општина Свети Николе кај селото Патетино, во Општина Пласница, селата Пласница и Латово, Македонски Брод и во Општина Македонска Каменица кај селото Дулица.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера изјави дека со европскиот механизам за заштита и спасување на територија на државата ја имаме следната странска помош – еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, како и два „ер трактори“ од Шведска и два од Германија.

Воедно, потенцираше, на помош е пристигнат тим од Унгарија со 46 лица со специјални теренски возила, со кои што може да се движат потешко пристапни предели.

ПредходнаВатикан изрази жалење за навредливите сцени на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз
СледнаКолкави даноци плаќаат странските работници во Европа