дома Култура 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски, изложба во „Куќата на Робевци“...

100 години од раѓањето на Вангел Наумовски, изложба во „Куќата на Робевци“ во Охрид

30

 Во чест на 100 години од раѓањето на сликарот Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“ отворена е ретроспективната изложба на слики од уметникот кој го воодушеви светот. Наумовски е роден 1924, а почина во 2006.

„Овде поминале плејада уметници, артисти, поети, академици кои ја збогатувале програмата. Со мојот татко ја нарековме уметност во уметност. 2 Август има симболика, нашиот голем празник Илинден и по тој повод била првата негова изложба. И оваа година почнавме со камбаните илинденски, па со рециталот на Петар Темелковски ‘Да се биде Македонец’. Јордан Плевнеш напиша песна за која идејата тлеела во него долги години и ја нарече ‘Песна за бесмртниот Вангел’“, рече на прес-конференцијата во Охрид, синот Рубенс Наумовски.

Ликовните критичари за Вангел рекле дека тој е сликар од бајките, префинет, суптилен. Жан Мари Дрот уште во 1969 изјавил: „Мислам дека уште покрај двајца други, тој отишол најдалеку во уметноста. Него не би можеле да го вклучиме во наивната уметност, туку пред сѐ во уметноста со почетна голема буква. Наумовски се раѓа со еден гение, без да биде предвиден во оваа организација на светот. По пет, шест или повеќе години, организаторите на општеството пак ќе се потрудат сѐ да предвидат, но и тогаш ќе се роди Наумовски кој ќе им се смее на сите предвидувања“.

ПредходнаМНР: Поради влошената безбедносна ситуација во Либан, нашите граѓани веднаш да ја напуштат оваа држава
СледнаПацоли за случајот Османи: Функционер на ИАТА ми потврди дека нема имунитет што може да ја избегне контролата