дома Локално За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници

За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници

15

На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница, кај Струга, од 30 јули до 4 август регистрирани се над 70 илјади патници, што е за 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

„Поради летната туристичка сезона и пристигнувањето на иселениците во родните места, во двете земји, нивниот број е во постојан раст. Според информациите од надлежните на преминот се работи со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат редици и чекање“, пренесоа албанските медиуми.

 

 

Додаваат дека зголемен проток се бележи во утринските и попладневните часови на денот.

Најголема фреквенција е забележана во неделата, на трети  август кога границата ја минале 13.828 патници од нив за влез на албанска територија  8.217 додека на излез 5.611 патници.

Предходна„Тиквеш“ ќе откупи најголема количина грозје, по највисоки цени на пазарот
СледнаДимитриеска-Кочоска: Реализацијата на железницата од Коридорот 10 носи додадена вредност, она што е потребно во моменот на бизнисот и земјата