дома Политика Мицкоски и Курти се смирија, а ќе го јаде со кривична...

Мицкоски и Курти се смирија, а ќе го јаде со кривична телохранителот на Гаши

29

Мицкоски и Курти порачаа дека инцидентот на скопскиот аеродром нема да ги наруши дипломатските односи, МВР поднесе кривична за началникот на личното обезбедување на претседателот на Собранието

  Инцидентот на скопскиот аеродром, поврзан со косовската претседателка Вјоса Османи нема да ги наруши дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Косово, порачаа премиерите на двете земји Христијан Мицкоски и Албин Курти, по вчерашната средба во Скопје. Косовскиот премиер Курти, изрази очекување дека официјалниот извештај по соодветната истрага во целост и во детали ќе го расветли инцидентот што се случи на 1 август во ВИП-салонот на Скопскиот аеродром со претседателката Османи за, како што нагласи „да разбереме што точно се случило и никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации“. Мицкоски, пак, изрази уверување дека додека е тој премиер „не постојат луѓе кои што ќе бидат над законот“, и ако се утврди пречекорување во своите надлежности лицето ќе биде изведено пред правдата.

Во меѓувреме, од МВР информираа дека е поднесена кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник – началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание.

Standard security procedures apply to everyone using commercial flights, including myself as the Prime Minister. We regret the recent incident that occurred on August 2. The President of Koso

Косовскиот премиер Албин Курти, вчера од Скопје повика да се расветли случајот и додаде дека соодветните органи ќе го направат тоа.

-Премиерот Мицкоски и јас не можеме да бидеме и цариници и полиција и инспекторатот на полиција и тие што го надгледуваат аеродромот итн. Во однос на суштината на прашањето одговоривме и мерките се преземаат, прецизира Курти.

Оцени дека двете земји имаат добри билатерални односи засновани на заеднички вредности и со посебен осврт кон европските интеграции.

-Нашите две земји имаат билатерална соработка во сите области, од дипломатски аспект ги поздравуваме постојаните напори за поддршка на нашите интеграции во меѓународните организации, особено во Европскиот совет и во НАТО. Ние сакаме да имаме добри соседски и европски односи и како држави и како народи. Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на натамошна билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси, посочи Курти.

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека секој е подложен на стандардни безбедносни процедури кога се користат комерцијални летови и изрази жалење за последното случување од 1 август, нагласувајќи дека претседателката на Косово е добредојдена и дека следниот пат „ќе ми биде задоволство да бидам и да ја пречекам како домаќин на аеродромот“.

-Според информациите коишто ги добивме од официјалните лица на аеродромот ТАВ е дека се следат јасни, прецизни меѓународни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови и дека на ваков тип на процедури сум подложен и јас како македонски премиер, македонската претседателка како и сите официјални лица коишто го поминуваат ВИП делот, иако морам да кажам дека тој дел јас не го користам, туку го користам делот како и сите граѓани. Но, тоа за нас предизвика навистина едно чувство со кое што жалиме и не сакаме тоа да се повтори. Јас лично истакнав дека претседателката на Косово е добредојдена, како и сите граѓани од Косово и лично следниот пат доколку ја добијам навремено информацијата ќе ми биде задоволство да бидам и да ја пречекам како домаќин на аеродромот и заедно со мене додека не отпатува од Скопје бидеме заеднички, ја придружувам во времето кое што таа ќе го помине на Скопскиот аеродром за да избегнеме ваков тип на инциденти, а посебно однос на поединци којшто е наш домашен проблем којшто ние дома ќе си го решаваме, рече Мицкоски во обраќањето на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти кој беше во посета на земјава.

We have information at our disposal, obtained from several channels, that the leadership of the Democratic Union for Integration (DUI), in an attempt to protect the capital gained in the past

 

На новинарско прашање за тоа дали ќе побара одговорност од спикерот Африм Гаши и заканувањето со оружје од страна на припадници од неговото обезбедување кон полициски службеници на аеродромот, Мицкоски рече дека надлежните институции ќе го расветлат случајот и доколку биде констатирани пречекорувања на овластувањата ќе следи и одговорност за истите лица.

-Доколку институциите констатираат пречекорување или сторување  кривично дело тогаш бидете сигурни дека истото лице ќе биде изведено пред лицето на правдата. Нема никој да биде над законот во оваа земја. Не постојат такви лица кои ќе бидат над законот додека сум јас премиер, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека Скопје се залага за искрени добрососедски односи, а на средбата со Курти станало збор и за економската соработка и трговската размена.

-Како нова Влада нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, нешто кое што е многу важно. Во овој момент според последните податоци коишто ги имаме од Државниот завод за статистика е дека размената од 2023  година е на ниво на половина милијарда евра и не гледам причина зошто со напорите на двете влади таа размена да биде уште поголема со изградбата на инфраструктурните проекти, автопатот којшто ќе го поврзе граничниот премин со нашиот главен град, потенцијалниот патен правец којшто ќе ги поврзе Тетово и Призрен итн., приоритети коишто се многу важни, рече Мицкоски.

МВР, вчера попладне информира дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднел кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ.

– Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија, соопштија од МВР.

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива тековно. Реализирани се сите планирани полетувања и слетувања. 

Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Како што се појаснува во соопштението, потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.

– ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата, соопштија од МВР.

null

На 1 август во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

Од кабинетот на Османи по настанот објавија дека обезбедувањето на Скопскиот аеродром се обидело да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, што според нив  е однесување „спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи“.

Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија, пак, категорично ги отфрли наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка. -Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот, посочија тогаш од ТАВ Македонија.

ПредходнаАмбасадата на САД со порака до Приштина: Длабоко сме разочарани, престанете со сите еднострани акции
СледнаПо комисиската расправа ребалансот на буџетот оди на пленарна седница