дома Политика Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга

Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга

28
Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга

   Вкупно 29 пожари на отворено имаше во текот на денешниот ден на територија на цела држава, од кои 21 се изгаснати, два се ставени под контрола. Шест пожари се уште се активни, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Најтешкиот пожар, како што информира, е на територија на општина Макдонски Брод, кој е навлезен на територија на ловиштето „Јасен“ и еден крак се движи кон викенд населбата на брегот на езерото Козјак.

-Таму денес дејствуваме концентрирано, со еден полициски хеликоптер, шест „ер трактори“, 40-тина пожарникари од Унгарија со специјални возила, како пожарникари од земјава и вработени од ДЗС и од „Национални шуми“, рече Ангелов, додавајќи дека пожарот кај „Јасен“ е делумно сопрен и изрази надеж дека утре овој крај од пожарот ќе биде ставен под контрола.

Ангелов соопшти дека има пожар и во општина Охрид, кој се движи кон Ресен, поточно од врвот Магаро кон Стење. Во гаснењето на пожарот се вклучиле 12 вработени на НП „Галичица“ и четворица локални пожарникари. Ако има потреба, посочи тој, пожарот утре ќе се гасне од воздух.

Активен пожари има и во Општина Новаци, село Полог, каде дејствуваат локални пожарникари со девет припадници на „Наципнални шуми“. Пожар има и во општина Кичево, кај село Челопеци, кој денеска повторно силно се разгорел и го гаснеле хеликоптери, пожарникари и 20 припадници на Армијата. Два активни пожара има во Струга, едниот кај село Долна Белица, каде гори ниска вегетација, а во гаснењето се вклучени тројца пожарникари. Вториот пожар е струшките села Татеши – Добовјани, каде гори ниска вегетација.

Апелираше граѓаните да не користат пиротехнички средства при прослави и семејни веселби, кои потоа можат да предизвикаат пожари.

Под контрола се ставени пожарите во Демир Хисар и Охрид, на Илинска Планина, на подрачјето на двете општини и во Делчево, кај депонијата Делчево.

Изгаснати пожари има во општините Кичево, кај село Зајас, во скопските општини Петровец, Студеничани, Гази Баба, Чучер Сандево, Сопиште, Шуто Оризари… 

Фото: ЦУК

 

 

Предходна„Вреди“ наместо ветинг, предлага уставен амандман што ќе отвори можност кривични дела против службената должност никогаш да не застаруваат
СледнаВо Белград се очекува голем протест против најавениот ископ на литиум во Србија