дома Свет Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел во...

Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел во следната недела

12

Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел во следната недела

  Управата за цивилна авијација во Москва им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи, јави ДПА.

Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва, се вели во синоќешното соопштение на Росавијација.

Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, додаде управата за цивилно воздухопловство.

Не беше наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА.

Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.

ПредходнаВо Белград се очекува голем протест против најавениот ископ на литиум во Србија
СледнаАвионот на Трамп пренасочен кон поблизок аеродром поради механички проблем