Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“. Според наши информации, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска, за која скопјани би рекле дека единствено што милува и знае да прави е да се кара со сите и после тоа да менува директори. Арсовкска според извори од Град Скопје е сосема сама и со чистачките, нема ни секретар нема ниту ПР , а нема ниту кого да стави за директор, освен некои низживеани и некомпетентни лепачи на плакати и маргинални персони.
Инаку, Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини, а доаѓа во време кога Арсовска се крие од јавноста. За него, Арсовска посочуваше дека е лице со 15 години работно искуство и дека верува дека ке направи бум.
Во изминатите денови, како што објави „Скопје1“, Арсовска го смени директорот на Водовод, а потоа и на Комунална хигиена. Ова го направи тивко, без никакво соопштение како што порано со помпа разгласуваче за д апокаже дека е бич и дека таа транспарентно и строго ке гази.
„Скопје1“ дознава дека промените не биле направени поради нерегуларности или незадоволство, туку поради караница која Арсовска ја имала со нејзин близок соработник, чиј предлог се разрешените.
Сите ангажирани од Данела , најголем брбој се сменети, а сите раздружувања не траеја повеќе од годинаипол и завршија со караници, кавги, тепачки судењаа и инциденти.