Шефот за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел денеска ја нарече офанзивата на Украина во Курск „тежок удар“ за рускиот претседател Владимир Путин.
Борел, исто така, се изјасни и за укинување на територијалните ограничувања за употребата на оружјето испорачано од западните земји на Украина. Некои земји донатори инсистираа нивното оружје да се користи само на украинска територија.
– Украинската офанзива Курск е тежок удар за наративот на рускиот претседател Путин. Укинувањето на ограничувањата за користење на капацитетите против руската војска вклучена во агресијата против Украина, во согласност со меѓународното право, би имало неколку важни ефекти: зајакнување на украинската самоодбрана, спасување животи и унапредување на мировните напори, напиша Борел на Х.
Тој уште еднаш истакна дека ЕУ целосно ја поддржува борбата на Украина против руската агресија.
Борел информира дека следната недела во Брисел ќе разговара со министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, како и со украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба, за поддршка за Украина. ј