дома Свет Коморските Острови станаа 165-та членка на СТО

Коморските Острови станаа 165-та членка на СТО

19
Коморските Острови станаа 165-та членка на СТО

  Сојузот на Комори, островска држава во Индискиот Океан, стана 165-та членка на Светската трговска организација, по 17 години преговори, соопшти СТО во Женева.

Источен Тимор за неколку дена ќе стане 166-та членка.

– Коморските Острови можат да го користат пристапот во СТО како средство за модернизација, економска трансформација и дополнување на агендата за регионална интеграција на земјата на африканскиот континент, изјави генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала.

СТО промовира одржлива глобална трговија преку договори и олеснување на техничките бариери за трговија. Таа, исто така ги поддржува земјите со ниски приходи во формирањето на царински органи и други институции.

Комори се 10-та земја од групата на повеќе од 40 најмалку развиени земји што се приклучи на СТО. ОН обезбедуваат посебни програми за овие земји.

Уште 22 земји се уште се во преговори за пристапување во СТО.

ПредходнаДевет нови лекови на Позитивната листа
СледнаПортугалските власти испраќаат засилување за гаснење на пожарот на Мадеира