дома Спорт Култхард: Верстапен не е фаворит за Големата награда на Холандија

Култхард: Верстапен не е фаворит за Големата награда на Холандија

13
Култхард: Верстапен не е фаворит за Големата награда на Холандија

  Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард одговори на прашањето дали го смета возачот на Ред Бул, Макс Верстапен за фаворит на претстојната трка за Големата награда на Холандија.

– Не мислам дека Верстапен ќе победи. Брзината на развојот е таква што фаворит ќе биде оној што ќе го донесе најновото ажурирање кое навистина одговара на патеката. Ова коло бара апсолутна посветеност од возачот. Како во Монако, така се влегува во игра. И знаеме дека Макс секогаш напаѓа максимално, но има тешки противници. Тука е седумкратниот шампион Луис Хамилтон, кој повторно победува, Мекларен има двајца енергични млади луѓе, сега има неверојатна конкуренција во Формула 1. Не ви се гарантира шанса или победнички болид само затоа што сте шампион, изјави Британецот.

Верстапен победи на сите три трки во Зандворт по враќањето на оваа трка во Ф1 шампионатот.

Холандското Гран при е закажано за в недела во 15 часот.

ПредходнаАТП најави нов турнир во Белград
СледнаКурти бара од САД да ја притиснат Србија да го предаде одговорниот за нападот во Бањска, Радоичиќ