дома Свет НАСА одлучи дека двајцата астронаути од МВС ќе се вратат на Земјата...

НАСА одлучи дека двајцата астронаути од МВС ќе се вратат на Земјата во февруари идната година

7
НАСА одлучи дека двајцата астронаути од МВС ќе се вратат на Земјата во февруари идната година

 Американската вселенска агенција, НАСА денеска одлучи дека е премногу ризично да се вратат двајца астронаути Сунита Вилијамс и Бери Вилмор на Земјата во проблематичната нова капсула на „Боинг“, па ќе мора да почекаат до следната година за да се вратат со помош на „Спејс Икс“.

Пилотот Вилијамс и командантот Вилмор полетаа со новото вселенско летало на Боинг на 5 јуни и требаше да останат во орбитата осум дена по приклучувањето со Меѓународната вселенска станица.

Сепак, поради проблеми со погонскиот систем на „Старлајнер“, враќањето на астронаутите на НАСА на Земјата беше одложувано неколку пати. Таму се веќе повеќе од два месеци.

Леталото „Спејс Икс“ треба да биде лансирано следниот месец како дел од рутинска мисија.

Вилијамс и Вилмор го поддржаа овој план.

ПредходнаУапсен 15-годишник во врска со нападот со нож во Солинген
СледнаПотпаролот на „Вреди” привремено ќе ги замрзне политичките активности, откако обвинителството спроведе постапка против неговиот татко за други полови дејствија