дома Локално Пожар во скопските села Соње и Добри Дол, ситуацијата е под контрола

Пожар во скопските села Соње и Добри Дол, ситуацијата е под контрола

7
Пожар во скопските села Соње и Добри Дол, ситуацијата е под контрола

  Центарот за управувњае со кризи (ЦУК) информира дека денеска, од 12:00 часот, пет пожарникари со две противпожарни возила интервенираат на пожар на неутврдена површина во атарот на селата Соње и Добри Дол, во Општина Сопиште.

Со пожарот е зафатена ниска вегетација. Од ЦУК нагласуваат дека во моментов ситуацијата е под контрола.

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 37 пожари на отворен простор, од кои 29 се изгаснати, три се ставени под контрола, а пет се се уште активни.

Активни пожари има во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, кај месноста викана Крста, во општина Штип, кај месноста викана Јамуларци, во близина на Пенуш и воениот полигон Криволак, во општина Дебар кај селата Татар Елевци и кај Могорче. Во општина Чашка активен е пожарот кон село Степанци и месноста викана Кадиица, на граница меѓу Општина Чашка и Општина Долнени, каде гори мешана шума.

Од дождот е изгаснат пожарот во Општина Чашка на планината Мукос, во атарот на село Оморани.

ПредходнаНа РТС и Пинк, Си Џинпинг и Путин, на Н1 Бајден: Кого фаворизираат телевизиите во информативните емисии?
Следна„Амнести интернешнел“ во писмо до Борел повика земјите од ЕУ да престанат да му доставуваат оружје на Израел