дома Бизнис Мицотакис: Патарините на обиколницата во Атина ќе се намалат од 2,80 на...

Мицотакис: Патарините на обиколницата во Атина ќе се намалат од 2,80 на 2,50 евра

9
Мицотакис: Патарините на обиколницата во Атина ќе се намалат од 2,80 на 2,50 евра

  Намалување на патарините за 30 центи на обиколницата „Атики одос“ во областа Атика, поширокиот регион на Атина, односно од 2,80 на 2,50 евра од 6 октомври, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис  .

– Ќе дадеме овластување за да се потпише новиот договор за концесија на „Атики одос“. Јавната каса ќе се зголеми за над три милијарди евра од компанијата што ќе управува со автопатот, но ќе има и опиплив бенефит за граѓаните, бидејќи од 6 октомври патарините на „Атики одос“ ќе се намалат од 2,80 на 2,50 евра. Ова е опиплив резултат за граѓаните, особено за оние кои редовно го користат главниот градски автопат, рече Мицотаки.

Истакна дека во фокусот навладината  седница е секојдневието на граѓаните и проблемите со кои се соочуваат и посочи дека „инфлацијата се повлекува и втор месец по ред поскапувањата на храната паднаа под европскиот просек“.

Доплонително најави дека членовите на Владата на денешниот состанок ќе го разгледаат и новиот предлог-закон од Министерството за правда што предвидува нови одредби за справување со семејното насилство.

ПредходнаИнфлацијата се смирува и е на ниво од 3 отсто, трговците максимално колко што можат да ги намалат маржите
СледнаПремиерот Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, потпишување спогодби во делот на здравството и образованието