дома Живот Парите како табу: младите поставуваат прашања на kick – off кампот од...

Парите како табу: младите поставуваат прашања на kick – off кампот од проектот TRY

25
Парите како табу: младите поставуваат прашања на kick - off кампот од проектот TRY

  Во едукативниот културен центар Лабораториум е во тек kick – off кампот во рамките на проектот Театарот ги обединува младите TRY во кој учествуваат 45 средношколци од Северна Македонија, Грција и Србија, соопшти Перипетија Продукција.

Низ заедничко креативно истражување младите поставуваат прашања и се обидуваат да најдат одговори на една од најсилните табу-теми во денешно време – парите: Што се парите? Дали тие имаат влијание на начинот на кој се доживувавме себеси, другите, општеството или планетата на која живееме?

Методологијата на реализација на интензивните креативни работилници вклучува поттикнување на учесниците од различни гледни точки, преку креативни вежби и употреба на релевантни текстови да истражуваат и зборуваат за парите и нивното значење; како и стратегии на gamification и употреба на виртуелна платформа за соработка. Во текот на оваа учебна година, млади ќе имаат и по 10 работилници локално како и 10 експертски предавања, 60 онлајн сесии и три меѓународни ко – креации.

Во текот на престојот во Скопје преку низа организирани настани тие имаат можност да се запознаат со градот и дел од неговите најзначајни места вклучително со Музејот на современата уметност како симбол на солидарноста – една од клучните вредности на база на која ги градиме врските помеѓу учесниците во проектот, велат од Перипетија Продукција.

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на СРМ и во соработка со Македонски народен театар и Театарот за деца и младинци Скопје во кој учествуваат пет меѓународни огранизации од Србија, Чешка, Грција и Северна Македонија (Eho
animato, Peripetija, ArtCanAct, Tri groša, ViceVersa).

ПредходнаСедница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси
СледнаСамостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна