Израелската армија денеска соопшти дека за време на голема воена операција во северниот дел на Западниот Брег, утринава е убиен командантот на военото крило на Хамас во градот Џенин, Висам Хазем, заедно со уште двајца оперативци на Хамас, соопштија Шин Бет и израелската полиција во заедничко соопштение, пренесено од ДПА.
„Васем Хазем, командантот на Хамас во Џенин, беше елиминиран за време на антитерористичка операција во областа северна Самарија. Тој беше идентификуван во возило во што се движело областа“, соопштија разузнавачка служба и израелската полиција на платформата X.
„Хазем беше вклучен во организација и изведување бомбашки напади и континуирано зголемување на терористичкити активности во областа Јудеја и Самарија“.
ИДФ соопшти дека војниците за време на операција на северниот дел на Западниот Брег откриле вооружени мажи во автомобил во Џенин, меѓу кои бил и Хазем, по што припадниците на граничната полиција отвориле оган врз автомобилот и го убиле Хазем, додека другите двајца вооружени напаѓачи се обиделе да побегнат, но набрзо биле убиени во напад со дрон, пишува Тајмс од Израел.
ИДФ соопшти дека во автомобилот пронашла пушки, пиштол и друго оружје и дека во инцидентот нема повредени војници