дома Спорт Депај допатува во Бразил по повод трансферот во Коринтијанс

Депај допатува во Бразил по повод трансферот во Коринтијанс

6

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај денеска пристигна во Сао Паоло, откако потпиша двегодишен договор со Коринтијанс.

Депај пристигна на аеродромот Гуаруљос, каде беше пречекан од бројни навивачи и новинари.
Депај, кој му се приклучи на бразилскиот клуб како слободен играч, подоцна ќе биде претставен пред навивачите, во пресрет на реваншот од четвртфиналето на Купот против Хувентуд. Во првиот натпревар Коринтијанс загуби со 1:2.
Коринтијанс се бори за опстанок во лигата на 13 кола до крајот, а покрај четвртфиналето од Купот на Бразил се пласираше и во четвртфиналето на Купот на Јужна Америка.
Депај на почетокот на неделата беше на лекарски прегледи во Холандија.
Кариерата ја започна во 2011 година во ПСВ Ајндховен и играше за Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид, кој го напушти летово.
За Холандија дебитираше во 2013 година, одигра 98 натпревари и постигна 46 голови.

ПредходнаХрватска и Србија заедно ќе го организираат јуниорското СП за одбојкарки
СледнаНагелсман задоволен од развојот на Бундестимот