Пејачката Тејлор Свифт изјави дека ќе гласа за Камала Харис на претседателските избори во САД, по дебатата меѓу неа и Доналд Трамп.
Таа на својата објава напиша „љубител на мачки без деца“, алудирајќи на коментарот на Џ.Д. Венс, потпретседателот на Трамп, во која тој рече дека водечките демократи се „жени-мачкарки без деца“. Нејзината објава предизвика лавина од коментари на сите социјални мрежи, а ја поддржаа многу познати ѕвезди меѓу кои Џенифер Анистон, Криси Тајген, Џон Леџенд, Суки Вотерхаус, Селена Гомез и многу други.
Сепак, нејзината објава не им се допадна на сите. Илон Маск, кој отворено го поддржува Доналд Трамп, ѝ прати порака на пејачката преку X. „Ок Тејлор… Ти победи… Ќе ти дадам бебе и ќе ги чувам твоите мачки со мојот живот“, напиша тој.
За време на дебатата, Илон ги објави своите впечатоци за тоа, а откако пејачката проговори напиша: „О Боже, ова навистина станаа избори на Илон против Тејлор Свифт“. Подоцна објави контроверзна изјава за тоа дека на Свифт „ѝ подарува бебе“, што ги вознемири обожавателите на пејачката и многу други. „Сонувај морничав човеку“, „Ова е толку чудно“, „Каков чудак си, не е ни чудо што го поддржуваш Трамп“, му напишале. Имаше секако и такви кои се согласија со него и го поддржаа.
Инаку, Трамп на почетокот на септември изјави дека, во случај да победи на изборите, ќе формира владина комисија за ефикасност на чело со Маск.
Свифт на социјалните мрежи објави подолга порака зошто ќе гласа за Харис, а досега нејзината објава собра повеќе од 7 милиони лајкови.
„Како и многумина од вас, јас ја гледав дебатата вечерва. Ако веќе не сте ја гледале, сега е одлично време да ги истражите прашањата и позициите што овие кандидати ги заземаат за прашањата што ви се најважни. Како гласач, гледам и прочитав сè што можам за нивните предложени политики и планови за оваа земја. Наједноставниот начин за борба против дезинформациите е вистината.
На претседателските избори во 2024 година, ќе гласам за Камала Харис и Тим Волц. Гласам за Харис затоа што таа се бори за правата зашто ни треба воин да ги брани. Мислам дека е силна, таа е лидер и верувам дека можеме да постигнеме многу повеќе во оваа земја ако нѐ води мирот, а не хаосот. Бев импресиониран и од Тим Волц, кој со децении се залага за правата на ЛГБТК+, ИВФ и правото на жената на сопственото тело. Го направив моето истражување и донесов одлука. Вашето истражување и избор зависи од вас. Исто така, сакам да им кажам, особено на оние кои првпат гласаат: Запомнете дека мора да бидете регистрирани за да гласате! Со љубов и надеж, Тејлор Свифт, жена-мачкарка без деца“, напиша таа.
Ова не е прва контроверзна изјава и потег на Илон Маск. Неодамна рече дека „загубил син поради вирусот на будење“ откако на неговата ќерка Вивијан Џени Вилсон, која е родена како машко, ѝ бил сменет полот. Тие имаа јавен расправија, при што тој ја нарече Вивијан „комунист“ кој раскина со него затоа што ѝ беше „исперен мозокот“ во училиштето од 50.000 долари месечно за кое тој плаќал.