дома Магазин Обожавателка се стрча и ја зграпчи Анџелина Џоли: Актерката воодушеви со својата...

Обожавателка се стрча и ја зграпчи Анџелина Џоли: Актерката воодушеви со својата реакција

20

Актерката Анџелина Џоли беше на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде се фотографираше со обожавателите и даваше автограми. Таа беше на фестивалот по повод премиерата на нејзината воена драма „Без крв“, која ја режираше.

Но, на социјалните мрежи се прошири видео од една малку непријатна ситуација за Џоли, а многумина беа шокирани од однесувањето на една обожавателка.

 

Имено, додека Џоли позирала со фановите, била опкружена со неколку обезбедувачи. Сепак, тие не претставувале пречка за една обожавателка која се стрчала кон актерката и силно ја згрпчила. По очигледниот првичен шок на лицето на актерката, таа сфатила дека девојката не е закана и имала краток разговор со неа.

Девојчето било во солзи додека зборувала со Џоли, а потоа била придружувана од обезбедувањето, а Џоли им рекла да „бидат добри“ со неа.

Видеото од инцидентот веќе почна да се шири на социјалните мрежи. Иако многумина ја фалат реакцијата на актерката, тие исто така нагласуваат дека инцидентот можел да тргне наопаку.

„За среќа, обожавателката беше безопасна“; „Анџелина добро реагираше, но фановите навистина треба да научат за личниот простор“; „Драго ми е што Анџелина Џоли е добро и покрај храбриот потег на обожавателката“; „Ова е толку страшно. Замислете да беше различен тип на „фан““; „Некој во нејзиниот тим за обезбедување треба да добие отказ“; „Потребно ѝ е подобро обезбедување ако обожавател може така лесно да стигне до неа, замислете ако сака да ја повреди, има многу луди луѓе таму“, се дел од коментарите.

 

https://x.com/ENTpIus/status/1833713013423272232

 

https://x.com/ENTpIus/status/1833713013423272232

ПредходнаВоздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами
СледнаПознат пејач добил вонбрачна ќерка, па ја шокира јавноста: Правам сѐ да ми прости сопругата