Претседателските кандидати Доналд Трамп, републиканец и Камала Харис, демократка, излегоа синоќа на сцената во Националниот уставен центар во Филаделфија на дебата и се ракуваа. Многу набљудувачи претходно се прашуваа дали Харис и Трамп, кои никогаш не се сретнале, ќе се поздрават еден со друг.
Харис, која е потпретседателка на САД, му пријде на Трамп на сцената, му ја подаде раката и се претстави.
Во воведното обраќање таа се претстави како перспективен кандидат и рече дека на дебатата Трамп ќе оди со „истото излитено сценарио“.
-Јас верувам во амбициите, стремежите, соништата на американскиот народ, и затоа имам план за создавање на она што го нарекувам економија на можности, рече Харис.
„Гледајте, имаме ужасна економија поради инфлацијата, навистина ја разурнуваат државата“, рече Трамп.
Харис ја критикуваше намерата на Трамп да ги зголеми царините на увозот на странски производи — таа го спореди овој предлог со данокот на продажба за средната класа — истовремено претставувајќи го својот план за обезбедување даночни олеснувања за американските семејства.
-Тоа нема да доведе до зголемување на цените, рече Трамп, бранејќи го својот предлог за воведување царини на увозот на производи.
„Доналд Трамп ни остави највисока невработеност од времето на Големата депресија“, рече Харис, имајќи ги предвид годините на неговото претседателство од 2017 до 2021 година. „Тоа што го направивме е дека воведовме ред во хаосот што го создаде Доналд Трамп“.
Трамп ја критикуваше Харис за високата инфлација за време на владеењето на администрацијата на Џо Бајден, иако претеруваше за нивото на раст на цените.
Тој исто така брзо се префрли на проблемот со имиграцијата, повторно без докази тврдејќи дека имигранти доаѓаат од „лудници“ и ја преминуваат јужната граница на САД со Мексико.
Според него, инфлацијата „стана катастрофа за луѓето, за средната класа, за сите класи“.
-Но, она што го направи Доналд Трамп, ајде да зборуваме за тоа, со ковидот, тој фактички му се заблагодари на претседателот Си (Џинпинг) за она што го направи за време на пандемијата, рече Харис.
На прашање за војната во Украина Трамп рече дека доколку тој останел претседател немало да дозволи започнување на војната и дека „Путин ќе се наоѓал во Москва, задоволен и среќен“.
Ова тој го кажа откако Харис го искритикува дека тој е поласкан од диктаторите како Владимир Путин или Ким Џонг-ун и не ја разбира американската одлучност да помога на сојузниците и партнерите во нивниот стремаж да го одбранат територијјалниот интегритет и суверенитет на Украина.
-Доколку останавте претседател Путин сега ќе беше во Киев, рече Харис.