дома Uncategorized Реал ќе го продолжи договорот со голманот Лунин

Реал ќе го продолжи договорот со голманот Лунин

Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид се договори со голманот Андреј Лунин за продолжување на соработката.

Како што пренесоа денеска шпанските медиуми, ваквиот расплет е неочекуван, бидејќи украинскиот голман одби да потпише нов договор во март.
Весникот Марка објави дека Лунин ќе потпише договор до лето 2028 година.
Претходно се шпекулираше дека Лунин сака да го напушти клубот како слободен играч кога ќе му истече договорот следното лето, откако стана резервен голман на Реал по закрепнувањето на Тибо Куртоа.
Во 2018 година, Лунин се пресели од украинска Зорја во Реал, кога потпиша шестгодишен договор. Во 2019 година тој потпиша нов договор до летото 2025 година, иако клубот официјално не го објави.

ПредходнаУ17: Македонските фудбалерки на меѓународен турнир во Италија
СледнаТФТ Скопје го совлада бугарски Балкан