дома Спорт Хрватска и Србија заедно ќе го организираат јуниорското СП за одбојкарки

Хрватска и Србија заедно ќе го организираат јуниорското СП за одбојкарки

23

Хрватска заедно со Србија ќе бидат домаќини на Светското јуниорско првенство за одбојкарки во 2025 година.

Турнирот ќе се одржи од 7 до 20 јули идната година, објави денеска Хрватската одбојкарска федерација.
Светското одбојкарско првенство 2025 за јуниори ќе се одржи во Узбекистан од 21 јули до 3 август, додека СП за одбојкарки до 21 година ќе се одржи во Индонезија, а за мажи во Кина.
Овие првенства се одржуваат на секои две години, а во 2025 година ќе учествуваат рекорден број од 24 земји од сите пет континентални конфедерации.

ПредходнаСуспендиран хокеарот кој на ОИ сакаше да купи кокаин
СледнаДепај допатува во Бразил по повод трансферот во Коринтијанс