Според новиот Деловник претседателот на наделжното работно тело треба да закаже комисија во рок од 24 часа од утврдувањето на потребата за носење на законот, што за бранителите беше направено уште во средата. Но, Даути иако вчера закажа седница, на нејзе како точка на дневен ред не го стави овој закон. Пратеничката во улога на уставен суд цени дека законот бил спротивен на Преамбулата.
„ Предложениот закон ја крши и преамбулата и повеќе членови на Уставот за рамноправност и еднаквост на граѓаните, споделува, дискриминира и ја загрозува етничката кохезија и односите меѓу заедниците. Се додека јас сум председателка на таа комисија нема да го ставам на дневен ред законот кој не ги опвфаќа сите страни кои се оштетиле на тој конфликт, и не предвидува еднакви права и за припадниците на ОНА“, одговара Даути.
Според Деловникот, пак, ако тоа не го направи претседателот на работното тело, Комисијата ја закажува собранискиот спикер. Но, Гаши не закажува Комисија бидејќи според него Даути ја исполнила својата обврска и закажакла седница, независно што на нејзе ги немаше бранителите. Иако денеска побаравме објаснување врз основа на кој член од Делоцникот Даути и Гаши применуваат филибастеринг на овој закон, одговор не добивме. Нема одговорност и кој ќе сноси одговорност за кршењето на Деловникот.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ која даде поддршка на потребата за законот, одговорност гледаат кај предлагачот – СДСМ.
Предлагачката Славјанка Петровска, пак, вели дека власта треба само да го применува Деловникот.
„Со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и лично Премиерот Мицковски изразија поддршка за овој закон, очекувам да го искористат својот авторитет како најголема владејачка партија и согласно Деловникот да овозможат да продолжи постапката“, коментира Петровска.
Во меѓувреме Гаши спротивно на овој преседан што го прави со законот за бранители, закажа Комисија за финасирање и буџет за задолжувањето од Унгарија бидејки Лукаревска од СДСМ која раководи со оваа Комисија не го направи тоа во рокот. СДСМ претходно објави дека е против задолжувањето и побара јавна расправа за него. Точката на дневен ред, за конечно да биде усвоена, според најавите ќе се најде наредната недела.