Ќе се постапува по наводите дали два авиона за малку ќе се судреле на небото над Скопје на 7 септември, потрдија од Агенцијата за цивилно водухопловски (АЦВ) за СДК.мк.
Според процедурата, прво Македонската навигација (М-НАВ), задолжена за контролата за летање треба извести за случајот, а потоа АЦВ испитува дали станува збор за инцидент или за сериозен инциден.
Ако станува збор за сериозен инцидент, треба да се вклучи Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.
Според сајтот за следење летови „Флајтрадар24“, како што пишува СДСК.мк, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.
Се работи за авионот на „Туркиш ерланс“ на летот од Мадрид за Истанбул и за авионот на „Санекспред“ од тускиот Даламан за Лондон-Гетвик. На 30 секунди пред да се разминат авионите биле на иста висина од 36 000 стапки. Пред да се разминат, едниот авион се крена, на 36 325 стапки, а другиот се спуштил на 35 475 стапки.
Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2 илјади стапки во вертикална далечина.
Како што пишува СДК.мк, нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, односно дали станува збор за инструкции од контролата за летање или е грешка на пилотите.